Шанел мејкап линија во пастелни нијанси

12 јануари 2015

Иако календарски далеку сме од пролетта, сепак модната куќа ја лансираше мејкап колекцијата  Reverie Parisienne која го означува настапувањето на топлата сезона, а во неа акцентот е ставен на романтичните пастелни нијанси. Колекцијата е составена од руменила кои се комбинација на светли и потемни нијанси, сенки за очи Chanel Les 4 Ombres, кармини Rouge Allure Velvet, сјај за уста Rouge Coco Shine, течна пудра, моливи за очи и усни и три нијанси на лакови за нокти, односно во бледо – зелена, светло - виолетова и циклама нијанса.

Мејкап колекцијата ќе биде пуштена во продажба  овој месец, а во продолжение разгледајте ја галеријата фотографии со производите кои се дел од Reverie Parisienne линијата на Шанел.

Објавено:
12 јануари 2015
Категорија: 
Убавина