Дали би носеле црн сјај на устата?
•
25 март 2014
Трендовите постојано се менуваат, а оваа пролет тоа што Сен Лоран го понуди како нов мејкап производ ќе внесе вистинска револуција во шминкањето и ќе ги помести границите на поставените стандарди во однос на пастелните нијанси, кои обично владеат во овој период од годината.
Gloss Volupte традиционално нуди впечатливи нијанси на сјаеви, а новитет е црниот сјај за уста кој се нанесува над карминот и е наменет за вечерни излегувања. Тоа што можеби најмногу изненадува е фактот дека и покрај тоа што се работи за црна нијанса на сјај за уста, побарувачката е голема, а залихите на службената страна на Ив Сен Лоран се тотално истрошени.