Дерматолози ја откриваат вистината за 3 популарни „Тик Ток“ трендови

1 март 2021

Ни се допаѓало нам или не, социјалните медиуми наметнуваат трендови не само кога е облеката во прашање, туку и негата на лице и тело.

Имајќи го ова на ум, тројца дерматолози одлучија да проговорат за најголемите, вирални бјути трендови на „Тик-Ток“ во моментов, па открија што е вредно да се проба, а што е лага.

Тренд број 1: Slugging

@caitkiernan

How I learned to SLUG my skin thanks to @marthastewart #slugging #skincareroutine #marthastewart #antiagingskincare #vaseline #petroleumjelly

♬ Drop It Like It's Hot - Snoop Dogg

Името доаѓа од зборот „slug“ кој  на англиски значи полжав, а се работи за техника која потекнува од Кореа, а која се базира на нанесување тенок слој вазелин на лице, после вообичаената вечерна нега на кожата. Некои велат дека кожата после само неколку дена им изгледала посјајно и поздраво, дури наводно и Марта Стјуарт го должи својот изглед на овој трик, дерматолозите велат дека не секој ќе ги има тие резултати.

-Вазелинот не ја хидрира кожата, но во овој случај е своевиден „штит“ кој постоечката влажност ја задржува на кожата. Вазелинот ја заштитува кожата од воспаленија, црвенила, но дефинитивно не е техника која треба да ја користат луѓе со масна кожа, односно кожа подложна на акни. Вазелинот ги затвора порите, што значи дека лицата со проблематична кожа треба да ја избегнуваат. Оние со чувствителна кожа, подложна на воспаленија, можат да ја пробаат - вели др. Маријана Вергара за „Космополитен“.

Тренд број 2: Креми за ерекција за поголеми усни

@jerrybmaldonado

If you know what movie I’m talking about please tell me because I want to watch it again #beauty #lips

♬ original sound - Jerry Mal

Верувале или не и ваков тренд постои и е вирален, но стручните лица велат дека не е нешто што би требале да го испробаме дома.

-Поголемиот дел од кремите за ерекција содржат активни состојки кои го зголемуваат протокот на крв, но истите тие состојки намачкани на усни можат да предизвикаат иритација која може да се манифестира преку отоци, пецкање, па дури и лупење на кожата на усните, а во најлош случај, овие креми можат да предизвикаат и тешки алергиски реакции - посочува др. Хедли Кинг.

 

Тренд број 3: Фластери за совршено отстранување на акни

@yayayayoung

How I cover my pimples! #pimplepatch #acnepatch #hydrocolloid #learnontiktok #tiktokpartner

♬ original sound - yayayayoung

Голем број од „Тик ток“ корисниците се воодушевени од трендот кој подразбира ставање фластери на акните, со надеж дека нивните лековити својства ќе им помогнат да го намалат, односно отстранат проблемот за краток временски период, како што тоа го правиме кога имаме мали рани.

Можеби ви изгледа како опасно, но дерматолозите се согласуваат дека овој трик навистина функционира.

-Фластерите помагаат во извлекувањето на поголемото количество масло и нечистотија и дефинитивно ги сметаме за евтина алтернатива на медицинските фластери наменети за акни. Сепак, ако се одлучите за оваа метода, задолжително користете фластери со хидроколоид, кои во себе содржат нешто како гел, а помагаат во задржувањето на влажноста, како и побрзо излекување на раните - вели доктор. Давал Банусали.

 

 

Објавено:
1 март 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
599 пати