Како да го одржите младешкиот сјај и изглед на кожата

26 септември 2014

Првите знаци на стареење се чини дека доаѓаат како торнадо, без никакво претходно предупредување. Еден ден вашата кожа изгледа, прекрасно, чисто и блескаво, а веќе наредниот ден има инвазија на акни, темни дамки на лицето и околу очите, по некоја бора и слично – кошмар за секоја жена. Желбата на голем број дами во светот е колку можат повеќе да го одложуваат процесот на стареењето на кожата и да ја зачуваат нејзината природна убавина, свежина и еластичност. Дерматологот Ранела Хирш заедно со своите колеги имаат неколку трикови кои нема целосно да го сопрат, но барем ќе го забават процесот на стареење на кожата.

„Ако во вашите млади години, за одржување кожата сте користеле различни производи за пилинг или акни, тогаш воопшто да не ве чуди фактот ако во повозрасните години вашата кожа е сува и воспалена. Секоја активност или дејствување има свои последици кои порано или покасно ќе ги почувствувате. Затоа негата на кожата трае цел живот,а не само во одредени периоди“, вели дерматологот Роберт Анолик.

laugh_lines_tqejx

Првиот чекор кој треба да го направите според докторите е добро да ја запознаете сопствената кожа. Да знаете кои се нејзините проблеми и аналогно на тоа да го пронајдете вистинскиот начин за да ги отстраните.

Проблем: Темни дамки не само околу очите, туку и низ лицето

Појавата за таканаречените темни дамки по лицето им се препишува на штетните УВ сончеви зраци. Најчесто се појавуваат околу делот на образите и носот. Немојте во никој случај да користите креми за избелување на кожата, бидејќи тие се силно концентрирани и може да имаат негативни ефекти на кожата. Затоа задолжително претходно треба консултација со лекар. За да ја спречите појавата на нови дамки и на некој начин да ја изедначите бојата на тенот на вашето лице, доктората Хирш советува да нанесувате крема за сончање на вашето лице со висок фактор 30 кој е богат со витамин Ц, делува како антиоксиданс и ја збогатува структурата на подкожното ткиво со што го ревитализира и освежува враќајќи му го сјајот на лицето и постепено отранувајќи и изедначувајќи ги деловите со темни дамки.

„Имајте на ум дека за целосно да се изгубат темните дамки треба да помине подолг временски период, така да во однос на резултатите бидете трпеливи“, вели д-р Хирш.

Проблем: Големи пори на делови од лицето

Она што веднаш треба да го направите доколку имате проблем со порите е да направите третман со салицилна киселина. Со губењето на колагенот во внатрешноста на кожата на лицето доаѓа до проширување на порите. Порите најмногу се истакнуваат или зголемуваат кога се нечисти, затоа според дерматологот Фредерик Брант најдобро би било секоја жена и девојка да прави ексфолијација на лицето барем еднаш неделно. Тоа значи со четка која е изработена од нежни природи влакна да се чисти целата површина на лицето  и да се нанесува соодветна крема која ќе ја смири кожата. Докторот препорачува и секојдневна нега на лицето навечер и наутро, да се измива со нежен сапун кој ќе им остава простор на порите да дишат и ќе ги чисти од сите нечистотии кои се насобрале во нив во текот на денот. Тонерите и влажните марамчиња според докторот не се доволно ефикасни и не продираат длабински во подкожното ткиво на кожата, па според тоа само нежното измивање со сапун и вода е идеалното решение кое ќе ве „спаси“ од проширени пори и слични проблеми.

Проблем: Бори околу делот на очите

Идеално решение за ваквиот вид проблеми на појавување бори на делот околу очите е употребата на Пептид серумот,а не тешките креми кои се нанесуваат околу очите. Пептид серумот содржи протеини, мали количества на амино киселини кои се основни градежни блокови на сите живи ткива и се од суштинско значење за да имате здрава и убава кожа. Овој серум има улога да го стимулира повторното лачење на колаген и да дејствува како природен антиоксиданс и детоксикатор. На годинешниот Светски конгрес за дерматологија во Париз, експертската студија на повеќе дерматолози покажува дека користењето на серумот со пептиди до 50% ја намалува појавата на бори околу очите и брзо дејствува во спречување на појава на истите.

Исто така, според доктор Брант ласерските третмани за „пеглање“ на кожата околу очите може да има негативен исход во целата ситуација, бидејќи ласерската светлина е штетна и ги убива не само „болните“ туку и здравите клетки кои треба да произведуваат колаген за повторна ревитализација на кожата.

Проблем: Сува кожа

Ако вашиот најголем проблем е сувата кожа тогаш кога купувате козметички производи за нега на истата треба да ги земате оние кои се богати со хијалуронска киселина. Кожата на лицето  во поголемиот број случаи се суши бидејќи не е способна сама да ја одржи влагата на ткивото кое пак се храни со истата. Меѓутоа дерматолозите се едногласни дека причина за појавата на сува кожа е недоволната консумација на течности, стресните ситуации, разни типови на иритации, алергии и неправилна и не доволно здрава и богата исхрана.

Ексфолиацијата и „гребењето“ на ваквиот тип кожа е забрането, но затоа користењето на производи кои во себе содржат природни екстракти за ревитализација на кожата и кои ќе го одржуваат нивото на влага во текот на целиот ден, а ќе прават и баланс на ph вредноста се одличен избор. Затоа кремите и серумите збогатени со хијалуронска киселина совршено ќе и одговараат на ваквиот тип кожа и дефинитивно ќе ја освежат, а со тоа ќе се забави и процесот на стареење.

 

Објавено:
26 септември 2014
Категорија: 
Убавина