Некаде по 25 – тата година веќе можат да се забележат првите знаци на стареење или промени на кожата кои се аларм за тоа дека мора да почнете правилно да ја негувате.
Прво се појавуваат еден вид на тенки линии кои подоцна се претвораат во брчки, а кожата почнува да станува и помалку еластична.
Веројатно забележувате и дека кожата го губи младешкиот сјај и многу лесно станува сува и уморна доколку правилно не се грижите за неа.
Во продолжение дознајте неколку совети од девојките ширум светот кои секојдневната нега за кожата ја однесоа чекор понапред.
-Внимавајте што ставате на кожата
Кога ќе го прославите 30 – тиот роденден, време е да почнете да ги слушате потребите на вашата кожа и да ѝ посветите поголемо внимание. Имајте на ум дека веќе во оваа доба од животот, на кожата мора да ѝ го препуштите она најдоброто, па одберете производи кои гарантираат хидратација, а отфрлете ги сите оние кои ја иритираат и не и одговараат. Запомнете дека особено за време на бременоста, кожата ја губи својата влажност и станува многу чувствителна, па и во тие месеци посветете ѝ особено внимание.
-Два пати дневно правете пилинг
Ако некогаш пилингот го правевте само повремено за да ја освежите кожата, после 30 – тата треба да ви стане секојдневна навика. Ако сакате кожата во секој момент да ви изгледа свежо и сјајно, еднаш или два пати во денот негувајте ја со пилинг кој содржи моќни антиоксиданси и смирувачки состојки кои ќе ја обноват.
-Инвестирајте во серум за осветлување на кожата
Во 30 – тите како проблем се јавува и хиперпигментацијата која е последица на зголеменото производство на меланин во кожата, неурамнотежените хормони, претераната изложеност на сонце и лошиот стил на живот. Ако сакате да ја намалите појавата на темни дамки по кожата, инвестирајте во серум за осветлување со кој ќе постигнете еднаков тен.
-Заштитете ја кожата од сонце што е можно повеќе
Еден од најголемите проблеми кој предизвикува предвремено стареење на кожата е прекумерната изложеност на сонце. Поради тоа, задолжително мора да користите производи со заштитен фактор кои нема да ја иритираат кожата и ќе ја заштитат од штетните УВ зраци.
-Поттикнете го производството на колаген
Со специјална козметика можете да го поттикнете производството на колаген и на тој начин да ги одложите првите знаци на стареење. Класичните креми можеби нема да ви помогнат во тоа, но оние кои содржат колагенска формулација дефинитивно ќе ви послужат.
-Посветете внимание на подрачјето околу очите
Во 30 – тите години веќе има реална потреба да почнете посериозно да го третирате подрачјето околу очите со посебна крема. Тука кожата е навистина тенка и најчесто во овој предел почнуваат да се појавуваат првите брчки и темни дамки. Пронајдете ја соодветната крема полна витамини и нанесувајте ја два пати дневно, без притоа да се решавате за некакви хируршки зафати.
-Ставајте маска еднаш неделно
Денеска има огромен избор на маски за лице кои се неверојатно ефективни. Тие се одлични за на брз и нежен начин се погрижите за вашата кожа и да решите некој одреден проблем со кој се соочувате. Тие помагаат дури и кога спиете, па обидете се да најдете некоја ноќна маска со која ќе се разбудите посвежи од кога и да е.