Дневна доза смути: Здрав напиток за опуштен викенд

19 јуни 2015

smitt 1

Со оглед на тоа дека работната недела завршува, нашиот денешен предлог е еден вкусен и здрав напиток за опуштање. Нашите нови пријатели од smuti.mk имаат секогаш добра идеја за тоа како на вкусен начин да го подобриме нашето здравје.

За да го направите ова Oпуштено смути, ви треба само малку време, беспрекорниот Nutribullet и неколку храниливи намирници и тоа:

Потребно:

  • една банана
  • еден прстофат рендано морско оревче
  • една голема лажица мед
  • еден грст бадеми
  • една шолја јогурт со ванила
  • една шолја чај од камилица

Бананите се секогаш добар избор, бидејќи се лесни, содржат калиум, влакна, манган и витамин Ц. Токму од тие причини се одлични и за децата, а помагаат и за полесен сон, опуштање, зајакнување на имунитетот и за задржување на калциумот во телото.

Banana1

Подготовка:

Во моќниот Nutribullet ставете ги сите потребни состојки и оставете да ја направи идеалната смеса. Една од причините што го прави Nutribullet посакуван апарат во сечие домаќинство е што ги разградува и најскриените хранливи состојки од храната.

Заборавете на стресот и започнете го викендот опуштено, а во продолжение погледнете го и видеото за подготовка:

 

Објавено:
19 јуни 2015
Категорија: 
Убавина