Дозволете си бисерна кожа: Герлан ја промовираше новата колекција за нега на лице

15 јануари 2014

Козметичкиот бренд Герлан ја промовираше својата нова, раскошна бисерна колекција за нега на лицето чие заштитно лице уште еднаш е беспрекорната Наталија Водјанова.

Покрај производите против брчки, исклучително се барани и оние што ги отстрануваат дамките од кожата како еден од најголемите дерматолошки проблеми на денешницата.

Познатиот козметички бренд по неколку години посветени истражувања, создаде комплетно нова колекција под името „Blanc de Perle“, наменета токму за избелување на дамките од кожата на лицето.

Во прекрасната колекција може да се најдат креми, серуми, маски, крема со заштитен фактор и емулзии за матирање на лицето.

Доколку и вие имате проблеми со дамките што сè почесто ни се појавуваат на лицето, тогаш ова е вистинската колекција за вас за која се надеваме дека многу скоро ќе може да ја најдеме и низ нашите продавници.

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Убавина