Пролетна колекција на Герлан

27 мај 2013

Новата колекција на шминки на Герлан (Guerlan) го доловува стилот на Парижанките, односно нивниот ноншалантен стил и намерата да ја акцентираат природната убавина поради што претежно бираат природен наместо драматичен изглед. Заштитно лице на рекламната кампања е манекенката Наталија Водјанова, а колекцијата содржи сенки за очи во деликатни виолетови тонови, палета од зелено - портокалови нијанси, нови бои на кармини и сјаеви на усни во кои доминираат розoвите тонови, гел - ајлајнер, ново издание на познатите перли метеорити (meteorites -perles) и се разбира маскара (cils d’enfer) која е задолжителен дел од женската шминка. Познатиот шминкер Ешодмезон вели „Пронајдете ми барем една жена која не употребува маскара! Или, барем една жена која не поседува кармин или сјај за усни.“ Потполно се согласуваме со него!

Објавено:
27 мај 2013
Категорија: 
Убавина