Брендот Ив Сен Лоран повторно не воодушевува со својата нова, празнична колекција. Во колекцијата „Париска ноќ“ брендот ни прикажува прекрасни и неверојатно носливи нијанси, со фокус на црвената и розовата како бои на љубовта.
Се чини, најубавиот дел од колекцијата е преслаткото руменило во две нијанси на розова, што може да се добие во гламурозно, златно пакување со виолетово срце и логото на брендот.
Покрај романтичното руменило, во колекцијата има и неверојатна палета на сенки во виолетови и зелени тонови и вистинска мала војска празнични производи за усни – сјајни и мат кармини, како и густи сјаеви за усни што траат неверојатно долго.
Вистински фаворити се лаковите за нокти во раскошни бои како златна, пурпурна и розова кои ќе помогнат и обичното, црно фустанче да се претвори во гламурозна, париска комбинација.