Гламурозна мејк – ап колекција на Ив Сен Лоран

11 ноември 2014

Секогаш иновативните Ив Сен Лоран ја објавија пролетната колекција за 2015 – та година во која се сместени сите неодоливи бои што со себе ги носи најубавото годишно време.

По кој знае кој пат, заштитно лице на колекцијата е Кара Делевињ, која овој пат се откажа од драматичниот изглед по цена на розовата, „барби“ шминка.

Колоритната палета на пролетната колекција почнува од нежна крем сенка за очи, се движи низ потемните кафени нијанси, па сѐ до розова, бела и целосно црна нијанса.

Дел од колекцијата се висококвалитетни сенки за очи, кармини во две нијанси, но и неодоливи лакови за нокти со шармантни светки.

Целата колекција ќе биде пуштена во продажба на 9 – ти февруари низ продавниците на брендот ширум светот.

„Крем нијансите и оние златно кафените се две бои кои што се многу лесни за комбинирање како за дневен, така и за вечерен изглед. За да додадете драматичност во вашиот изглед, аплицирајте малку од црната, мат сенка по горната линија на окото како што нанесувате моливче. Со овие сенки, можете да си овозможите и одличен smokey eyes изглед во комбинација со нежни усни. Што се однесува до розовата сенка за очи, таа ќе му даде гламурозен и нежен изглед на вашето лице, а истата е особено употреблива на пролет“, вели мејк – ап артистот на брендот Лојд Симонс за Буро 24/7.

Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Убавина