Еволуција на шишките

10 декември 2013

Шишките се менуваат како што се менуваат и трендовите, а она што е сигурно е дека имаат долга историја. Различни типови, но на крајот тоа се само различни верзии на шишки.

Омилени се кај голем број жени, но не на секоја и прилегаат. Сепак, нема жена што макар еднаш во животот не си поиграла со косата и си направила шишки.

Во продолжение погледнете ги жените и шишките кои го сменија текот на модата кога е косата во прашање.

Луис Брукс (1925)

Луис Брукс

Нејзината „Dutch boy“ боб фризура навистина направи моден бум. Густата коса на Луис е совршена за шишки, а и ја намалува преку челото. Ова стана популарен изглед за flappers кои и пркосат на тогашната визија на убавината.

Пеги Мофит (1965)

Пеги Мофит

Темната коса и шишките кои ја правеа силна, бргу станаа главен хит во 1960-тите, благодарение на овој модел.

Џин Шримптон (1965)

Џин Шримптон

Англискиот модел, беше познат по шишките на страна, кои обично ги ставаше зад увото. А истиот трик покасно го искористи и Алекса Чанг.

Џејн Фонда (1970)

Џејн Фонда

Најдобрата затворска фотографија некогаш направена, иако денес голем број од гламурозните ѕвезди имаат и своја барем една ваква „кул“. Сепак и оваа и фотографија и овие шишки ги обележаа 1970-тите.

Лони Андерсон (1980)

Лони Андерсон

Не е природна русокоса, но има голема привлечност. Фризурата беше само оружје кое и помогна тоа.

Сара Џесика Паркер (1985)

Сара Џесика Паркер

Пред да стане Кери Бредшо и икона на стилот, Сара стана позната по оваа ултимативна фризура за овие години, па немаше жена што немаше вакви шишки.

Шенон Доерти (1990-1993)

Шенон Доерти

Ѕвездата на „Беверли Хилс“ е една од тие што го поставија овој тренд во 1990-тите, но оваа фризура ништо помалку не е модерна и сега.

Натали Портман (1994)

Натали Портман

Уште како 11-годишно девојче, Натали направи вистински хит со оваа фризура.

Дру Баримор (1998)

Дру Баримор

Оваа фризура беше омилена кај тинејџерките.

Одри Тоту (2001)

Одри Тоту

Ѕвездата од „Амелија Пулен“ во 2001 стана мошне популарна, филмот хит, а фризурата омилена. Нема жена што не го посакува францускиот шарм, а оваа фризура го овозможува тоа.

 

Наоми Кемпел (2005)

Наоми Кембел

Моделот оваа година ги промовираше долгите шишки, кои станаа мошне посакувани кај жените.

 

 

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Убавина