Фризури за мажи со кадрава коса

5 септември 2013

 

Секое момче кое има и густа и кадрава коса, треба тоа да го смета како предност и да биде креативен во скротување на кадриците и правење фризури. Грижејќи се и стилизирајќи ја кадравата коса може да биде многу лесно, бидејќи на пазарот постои разновидна палета на квалитетни производи за нега, а тука се и советите од стилистите и експертите, па средувањето на кадравата коса може да биде лесно како магичен трик. Еве како во неколку чекори и потези да ги скротите вашите диви кадрици и да изгледате беспрекорно и модерно.

 

1xxx

 

Кратки кадрави машки фризури

Најдобра опција е да носите кратка варијанта на фризура. Кратката фризура без разлика колку е густа и кадрава во секој случај е полесна за одржување, особено ако имате работни обврски преку целата недела. Направете фризура која од страните ќе биде кратка, а над челото ќе биде подолга. Овој стајлинг изгледа совршено нагласувајќи го вашиот природен секси изглед.

 

 

Ако пак сте повеќе бизнис тип на човек, можете да се одлучите и за уште  пократка варијанта на фризура која со помош на машинката за бричење можете и сами дома да ја направите. Регулаторот на машинката ќе го наместите на онаа должина која ја сакате и на тој начин ќе ја  добиете саканата форма. Сепак за овој потфат треба да имате сигурност во вашата рака, но и машинка која нема да ви направи непосакувани моменти.

 

 

Долги кадрави машки фризури

За мажите со подолги кадрави фризури, опциите и изборот за стајлинг на косата се бесконечни и зависи од личноста и довербата кај самиот маж. Но, сепак доколку имате подолга кадрава коса, тоа значи и повеќе нега и внимание, повеќе изгубено време и средување пред огледало, но вреди. Ќе бидете уникатен маж со стил. Искрено жените секогаш паѓаат на мажи со подолга коса.

 

 

Зошто да се борите против мајката природа?

Ако имате премногу кадрава коса која тешко се исправа,чешла или ви создава проблеми, единствената солуција е да ја потстрижете многу кратко или да ја оставите да ви расте, па да ја носите врзана односно стилизирана во едноставен потег. Пристојноста и функционалноста се во прв палан, затоа самите одлучете се која варијанта ви прилега, но сепак најдобро е да се консултирате со вашиот личен фризер на кој му верувате. Тој ќе ви каже која форма за кратка или долга коса најдобро ви стои. Сепак, долгите машки фризури не прилегаат секому исто и кратките, тие може да ве преобразат и да направат „нов човек“ од вас.

 

 

 

 

Објавено:
5 септември 2013
Категорија: 
Убавина