Harper’s Bazaar ја нагласи моќта на прекрасната коса

19 јуни 2014

Иконските модерни жени Грејс Џонс, Дијана Рос,Донатела Версаче, Карен Елсон, Кармен дел Орефиче, Јоко Оно и Фара Фосет се новата инспирација за едиторијалот „највлијателни фризури на сите времиња“, реализиран од креативниот тим на модниот магазин Harper’s Bazaar. Целта е да се прикаже прекрасната и здрава коса и нејзините трансформации во поглед на формата и бојата низ годините.

Моделите Мари Агори, Валери ван дер Граф, Ема Алунд, Џесика Бергс Ли Веи и Ванеса Миломем ги облекоа чевлите на модните икони и позираа пред фотообјективот на Нат Јатурапаху. За нивната коса да изгледа толку впечатливо и да биде во согласност со стилот на жените кои ја носат се погрижи стилистката Шинго Шибата.

Прекрасните дами, своите божествени фризури уште повеќе ги нагласија со тоа што одбраа да носат креации на потпишани од познати дизајнерски имиња меѓу кои Александар Ванг, Емилио Пучи, Маркеза, Сен Лоран и други.

Оваа модна приказна преку која треба да се нагласи убавината на жената веќе е објавена во тајландската верзија на списанието за овој месец.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Убавина