Изложба на фотографии од завршениот курс по шминка и фотографија од Центарот за обука и едукација Ева

15 февруари 2014

Директорката на центарот Ева Нединковска идејата за отвaрање на овој центар ја темели врз сопствените потреби за експериментирање, едукација, живеење и дишење во духот на уметноста, покрај нудењето на јазични курсеви, курсеви од областа на музиката, уметноста, новинарството, шминката и фотографијата.

Колку време постои центарот за обука и дали може да направите мала паралела од самите почетоци до сега?

Центарот постои веќе две и пол години од јули 2011 година и целата идеја беше да се соберат креативци од разни области и на едно место и да им се пружи неопходната едукација. Знаеме дека има центри за јазици, но немаат подготовки за меѓународни сертификати. Голем број луѓе се интересираат за уметноста и се почесто сакаат да се изразат креативно и да остават свој печат. Сакаат да експериментираат со стилови, со бои и да излезат од стереотипот.

Каква техника на шминкање користите и колку сакате да експериментирате со неа?

Не сум професионалец кога станува збор за шминката, но лично сакам минимална шминка која ќе го претставува мојот карактер и моето моментално расположение, но преовладуваат земјените тонови. Морам да кажам дека приватно негувам уникатен стил, тоа што мене ми се допаѓа без разлика дали е тренди или не. Кога станува збор за настани, го негувам класичниот изглед. Во слободно време сакам да пробувам поинакви работи и да екеспериментирам со разни стилови.

Кои се вашите идни планови и што ново ќе понуди Центарот за обука и едукација?

Летниот период планираме да организираме интернационална школа од која дел ќе може да бидат деца и возрасни луѓе. Летната школа ќе биде организирана во Охрид, па покрај што што секој учесник ќе може да ја избере својата омилена програма, ќе имаат можност да уживаат во убавините на градот и ќе бидат организирани разни активности како што се нуркањето, бродските тури и јавањето на коњи.

DSC_0112

Менторката  Марија Ленчевска која зад себе има девет годишно искуство во областа на шминкањето смета дека периодот до 20 до 30 работни часа е доволно време за курсистите да стекнат основни знаења.

Каква техника на шминкање е вечерва прикажана на фотографиите?

Конкретно фотографиите се приказна сами за себе бидејќи курсистите имаа шанса да си изберат тие што сакаат да работат, а дел од нив работеа тоа што беше застапено во дел од програмата. Од тоа што беше сработено најзастапен е beauty мејкапот и театарската шминка.

Колку курсистите се спремни да работат по завршување на курсот?

Шминката е занает, која како таква бара постојано усовршување и работа во континуитет. Курсистите основата од мене ја добија, тргнувајќи по логичен след на професионално однесување и работа. Сликите кои вечерва се изложени за мене кажуваат дека идејата преминала во конкретна реализција.  Jас сум среќна од ова што го гледам и сметам дека да, спремни се да почнат да работат. Со оваа база многу побрзо и полесно ќе напредуваат во иднина.

DSC_0127

Каква техника на шминкање најчесто користат девојките кај нас?

Техниката “Повеќе е повеќе” , иако тоа се менува, девојќите се почесто користат квалитетна козметика и тоа додава на резултатот, позитивно.Моите клиенти со кои приватно соработувам, најчесто бараат шминка во која повеќе ќе доминира нивната убавина. Тоа не значи дека ќе бидат поднашминкани, тоа значи дека ќе бидат максимално нашминкани но во баланс со целокупниот изглед, јас по професија сум архитект и одлично го разбирам балансот на формите и бојата како и давањето акцент преку одреден детал, тоа функционира.

Објавено:
15 февруари 2014
Категорија: 
Убавина