Изложба на фотографии, шминка и ликовни дела од Центарот за обука ЕВА

10 декември 2014

Изминатата сабота во пријатната атмосфера во Кафе Ли свечено беше отворена изложбата на фотографии, шминка и ликовни дела од учесниците на курсот на Центарот за обука ЕВА, кои успешно ја завршија обуката.

За време на курсот, сите учесници имаа можност да учат од веќе докажани професионалци во својата област.

На изложбата присуствуваше и директорката на Центарот за обука ЕВА, Ева Нединковска која ги охрабри учесниците да продолжат да творат и креираат сопствен уметнички израз.

Инаку, Центарот за обука ЕВА веќе четврта година едуцира и обучува, а потоа им отвара можност на младите креативци од повеќе области да се афирмираат и да го направат првиот самостоен чекор.

Сите они кои имаат афинитет и желба професионално да се занимаваат со фотографија или шминка или пак сакаат квалитетно да го поминуваат времето и да научат нешто повеќе можат да аплицираат за курсот на contact@tc-eva.com .

Објавено:
10 декември 2014
Категорија: 
Актуел