Каде грешиме кога ставаме маскара

17 јануари 2014

trepki

Секоја жена сака долги и густи трепки. Ако веќе природно немате такви, маскарата е тука. Но, при користењето на овој производ правиме и грешки, поради кои на крајот не сме задоволни со резултатот.

1.Внимавајте на рокот на траење

По отворањето на маскарата, таа трае три месеци после што се згуснува и станува тврда. За полесно следење, со фломастер на самата маскара запишете го месецот на крајниот рок, за да купите нова. Така ќе ги избегнете трошките од маскара под очите и по образите. Кога ќе стане тврда, таа се рони и тогаш треба да ја фрлите.

2. Одбегнете ги грутките

Трепките со грутки од маскара не се привлечни, а за тоа најмногу е виновна четкичката. Одберете маскара со четка со густ чешел, со помош на чија текстура ќе нанесете маскара на секоја трепка и тоа рамномерно. Четката нежно повлечете ја лево-десно од коренот до врвот на трепките.

3.Пребрзо сушење

Навиката на многу жени да ја стават четкичката во маскарата неколку пати при нанесување на трепките го намалува рокот на траење на маскарата, затоа што со таа постапка во тубичката влегува воздух и ја суши текстурата. Ако сакате да извлечете од неа максимален слој на мокра текстура, многу подобар начин ќе бидеда ја вратите четката, наместо неколку пати по ред да ја ставате и вадите.

trepki 2

4.Исчешлајте ги трепките

За совршено густи и раздвоени трепки послужете се со чешел за трепки и тоа непосредно пред да нансете маскара. Многу маскари ветуваат формула без грутки, но тие сепак повремено се појавуваат. Со употребата на чешел, таа „опасност“ ќе се намали на минимум.

5.Внимавајте на здравјето на трепките

Маскарата пред спиење мора темелно да се отстрани и тоа со нежни кружни движења. Остатоците од маскарата можат да ги исушат трепките, а со тоа ќе се соберат штетни бактерии. За комплетен третман, одберете маскара која ги хидратизира трепки.

Објавено:
17 јануари 2014
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
маскара