Како да ги исфрлите отровите од организмот?

9 март 2016

Современото и брзо темпо на живот на кое сите некако се навикнавме во последно време, со себе носи многу повеќе последици отколку што мислите. Доколку сте од оние кои се постојано на брза храна поради тоа што немате време да си подготвите здрав оброк, сега е вистинско време за прочистување на организмот додека не настанале поголеми проблеми.

Во продолжение прочитајте ги овие неколку совети за прочистување на организмот од отрови и подгответе се за пролетта што доаѓа.

Намалете го нивото на маснотии во крвта

Без оглед на тоа каква исхрана преферирате, важно е да го држите нивото на маснотии во крвта ниско. Дополнителните маснотии од храната што ја консумирате можат да го запрат или забават процесот на отстранување на отровите од организмот, со оглед на тоа што маснотиите привлекуваат метали од кои сакаме да се решиме. Не морате целосно да ги исфрлите маснотиите од исхраната, туку само да ги редуцирате.

Консумирајте вода со лимон

Кога сакате да го исчистите телото од токсини, клучна е хидратацијата на организмот. Без да внесете доволна количина вода во организмот, нема да го постигнете посакуваниот ефект, а токсините и понатаму ќе се задржат во телото. Водата помага да ги исфрлите нечистотиите од телото, па обидете се секој ден да го започнете со чаша вода пред да јадете било што. Супер ќе биде доколку во неа исцедите и неколку капки лимон кој е клучен за прочистување. Ова е одлична пракса за чистење на црниот дроб. Кога ќе се напиете вода, оставете да помине околу половина час, па потоа појадувајте. За подобар вкус на водата, додајте малку мед или ѓумбир.

Консумирајте сок од алое вера

Алое верата е билка која уште одамна е позната како една од најлековитите, а наједноставниот начин на консумирање е преку сок. Истиот содржи околу 240 хранливи и лековити состојки, додека самата алое вера е голем помошник во исфрлување на тешките метали од организмот. За оптимални резултати, исечете неколку сантиметри од должината на листот на алое верата, извадете ја зелената кора и боцките, соберете го чистиот гел и блендирајте ја, пишува journal.hr.

Посетете инфрацрвена сауна

Сеансите во инфрацрвената сауна дополнително ќе го поттикнат процесот на детоксикација. Инфрацрвените зраци продираат длабоко во кожата и ви обезбедуваат подобра циркулација на крвта и овозможуваат исфрлање на токсините на површината на кожата и го подобруваат имунитетот. Користете ја сауната од 15 до 20 минути два пати неделно. Откако ќе завршите со третманот, испијте доволно вода за да го довршите процесот на исфрлање отрови од организмот.

Пијте сокови

Одличен начин за детоксикација на организмот се соковите, но оние правилните. Секогаш консумирајте сокови што содржат целер, краставица и јаболка. Токму оваа комбинација има вистинска рамнотежа на минерални соли, калиум, како и природен шеќер да го одржи нивото на глукоза во крвта додека телото се чисти од токсини. Можете да експериментирате и со други состојки како кељ и спанаќ и повремено да ставите ѓумбир за вкус.

Објавено:
9 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
11.441 пати