Подгответе се за есенска детоксикација на вашето тело

16 октомври 2013

Секоја промена на годишните времиња е вистинскиот момент за детална детоксикација на вашиот организам. Детоксикацијата е многу индивидуална и задолжително мора да се одбере онаа што му одговара на вашето тело без да се случат никакви последици.

За да не се ставите во ситуација сами да ги одберете производите со кои ќе го прочистите вашиот организам, ние ви презентираме неколку совети за тоа како полесно да ја извршите детоксикацијата.

 Основното е дека кај неколку работи не можете да погрешите, а истите многу ќе придонесат за здравјето на вашиот организам.

Органска храна – Обидете се да почнете да јадете органска храна и од вашето мени барем на некое време исфрлете ги житарките, грицките, десертите, засладените сокови и масните јадења. Единствено прифатливи се оние сокови што сами ќе си ги исцедите, а сите останати обидете се да ги избегнувате.

Во секојдневното мени задолжително ставете и по една чаша сок од лимон направен со топла вода. Кога чашата полна витамини ќе ја испиете наутро, вашиот организам ќе биде полн со минерали, а од организмот ќе ги исфрлите сите токсини.

Она што исто така е добро доколку сте во можност, секојдневно да пиете по една чаша сок од брусница, секако незасладен.

Докторите, нутриционистите и експертите за детоксикација се согласуваат околу неколку постапки што се добри за прочистувањето на вашиот организам.

Една од нив е и инфрацрвената сауна, а одлични се и купките во сол и сода и во јаболков оцет. Можеби звучи необично, но токсините од телото може да се извлечат и доколку намачкате малку сенф на вашите стапала. Миксот од маслиново, сезамово и кокосово масло исто така помага ако секое утро пред миењето заби ја исплакнете устата, па добро ја измиете.

Останатите начини што исклучително му помагаат на вашето тело се акупунктурата, киропрактиката и јогата и секако редовното вежбање и пешачење.

Намирници совршени за детоксикација

Лимон – совршена намирница за детоксикација бидејќи содржи витамин Ц што одлично се бори со тешките метали и го прочистува дебелото црево. Можете да го употребувате и во салати и преливи, покрај тоа што ќе консумирате по една чаша дневно.

Магдонос – можете да го додадете буквално во секое јадење, па токму поради тоа и не е тешко да го консумирате. Магдоносот ја прочистува крвта и им помага на белите дробови, црниот дроб, цревата и бубрезите.

Зеленчук – полн е со најразлични витамини и минерали. Како и да го подготвите, истиот за организмот ќе биде совршена витаминска бомба. Обидете се почесто да консумирате зелен зеленчук, и тоа оној со листови.

Ние сметаме дека е совршено време малку да го разгалиме нашето тело и да се чувствуваме удобно во истото, што велите вие?

Објавено:
16 октомври 2013
Категорија: 
Убавина