Веруваме дека веќе почувствувавте грижа на совеста заради големата количина на изедена руска салата и кифлички, а крајот на гурманските задоволства воопшто и не се ближи!
За да се чувствувате помалку виновни, предлагаме неколку начини како да преживеете во постпразничните денови! Она што треба да го направите е да отидете во набавка на неколку клучни намирници што ќе ви ја вратат енергијата за многу кратко време, пишува Buro 24/7.
Домати
Тие се дефинитивно најдобриот лек против мамурлак! Доколку овие празнични денови претеравте со алкохолните пијалаци, направете една супер салата од домати или пак купете си сок за кој тврдиме дека ќе направи повторно да се родите! Доколку пак сакате некој топол напиток, направете си супа или густа чорба од домати и уживајте во зимската идила.
Банани
Бананите се одличен извор на витамин Б6, витамин Ц, магнезиум и калциум, а богати се и со железо. Недостатокот на железо дефинитивно предизвикува умор, а веруваме дека секој се чувствува така по неколку непроспиени ноќи. Бананите ќе ви помогнат да го намалите степенот на дехидрација и ќе го надомести недостатокот на железо во вашето тело.
Овошен сок
Против мамурлакот најдобро ќе се изборите со многу вода, односно со течности. Со оглед на тоа што во вашиот организам нивото на шеќери е најверојатно на многу ниско ниво, најдобро е да го подигнете со природни намирници. Направете си сок од свеж портокал со малку лимон. Доколку желудникот ви е чувствителен, сокот нека биде од јаболко или брусница кои не се тешки за организмот.
Кафеав ориз
Кафеавиот ориз ќе ви послужи како одличен извор на јаглехидрати, протеини и витамин Б. Згответе го заедно со малку зеленчук и освежете го организмот.
Кисели краставички
Теглата кисели краставички дефинитивно ќе ви го спаси денот. Тие се богати со витамини и минерали, а нивната киселина ќе му годи на вашиот дехидриран организам. Краставичките содржат витамин А, железо, калиум и калциум. Сѐ што ви треба да го преживеете денот!
Сок од зеленчук
Доколку дома имате соковник, тогаш „денот потоа“ е совршен за истиот да го употребите! Овој пат, направете „смути“ од спанаќ и листови блитва. Во комбинација со банана, јаболка, сок од портокал и можеби малку мед, ќе направите лековит пијалок поради кој организмот ќе ви биде вечно благодарен!