Недостатокот на железо во крвта е проблем за кој секојдневно слушаме, без разлика дали се работи за дечиња или пак за возрасни.
Некои од најчестите симптоми кои укажуваат на недостаток на железо во крвта се: умор, недостаток на енергија, проблеми со концентрација, болки во мускулите, суво грло и уста, кршливи нокти...
Овој проблем може да предизвика анемија која е навистина исцрпувачка, особено кај малите дечиња.
Иако железото се содржи во многу намирници, секогаш обидете се да ги консумирате со зеленчук или овошје богато со витамин Ц за подобра апсорпција.
Доколку не сте голем обожавател на месо, а имате недостаток од железо, погледнете кои намирници може да ги консумирате, а верувајте дека ќе ви бидат од голема помош.
-Школки
Содржат помалку масти од црвеното месо, а се неверојатен извор на железо. Тие се полни и со селен и цинк, кои се клучни за одржување на цревната флора.
-Бел грав
Само половина шолја бел грав во салата или пак во чорба и веќе сте внеле 4 мг железо. Гравот е супер намирница и е одличен извор на протеини и влакна потребни на организмот.
-Тофу
Околу стотина грама тофу содржи речиси 5, 5 мг железо, а е нискокалорична намирница која не содржи глутен.
-Спанаќ
Ова веројатно го знаевте благодарение на силниот Попај. Една шолја обарен спанаќ содржи дури 6.4 мг железо, а само 40 калории.
-Чиа семе
Веќе некое време чиа семето важи за една од најдобрите намирници, благодарение на високиот процент омега 3. Околу 30 гр чиа семе содржи и одлични 2,2 мг железо.
-Какао
Само 85 грама какао во прав содржи околу 7 мг железо. Одлично е и за срцето и мозокот.
-Сусам
Четвртина шолја сусам има 5.2 мг железо, па задолжително почнете да додавате во салати и јадења.
-Леќа
Една шолја варена леќа содржи неверојатни 6.59 мг железо.
Освен овие, во секојдневното ваше мени задолжително додајте и грозје, блитва, брокула, грашок, хељда, јаткасти плодови, шипки, смокви и леб од интегрални житарици.
Инфо: Zena.hr