Авокадото е тропско овошје кое потекнува од Средна Америка и Мексико, првично наречено „алигаторска крушка“ благодарение на неговата груба текстура и обликот на кората.
Истото е полно со калиум, железо, бакар, фосфор и магнезиум, како и витамин А и витамин Ц и Е, а важи и за еден од најдобрите извори на влакна.
Позитивното влијание на авокадото врз здравјето и убавината, било откриено некаде кон почетокот на 19 – тиот век, по што истото е неверојатно барано и денеска.
Авокадото пријатно делува на целиот организам, а особено е корисно кај проблемите со срцето и крвотокот, а одлично е и за забрзување на метаболизмот.
Денеска, авокадото е едно од главните намирници во вегетаријанската и здрава исхрана, бидејќи содржи масти и протеини па се користи наместо месните производи.
За што е авокадото одлично и на кој начин можете да го консумирате и употребите, читате во продолжение.
За слабеење
Иако авокадото содржи најмногу масти од било кое друго овошје, неговата консумација се препорачува доколку сакате да изгубите некој килограм. Авокадото е и еден од најголемите извори на влакна поради што ќе се чувствувате заситени подолго време.
Во кујна
Авокадото е многу честа намирница за супи, салати и сосови. Многу добро оди со сите видови месо, овошје и зеленчук, а во поново време се користи и наместо маслиново масло. Постојат безброј начини на кои можете да го вметнете авокадото во секојдневната исхрана, од вкусно смути па сѐ до тост со авокадо.
Псоријаза
За оние кои боледуваат од псоријаза се препорачува секојдневно да се мачкаат со масло од авокадо на зафатените подрачја. Постапката можете да ја повторите и два пати дневно и на тој начин да ја намалите иритацијата, чешањето и лупењето на кожата.
Холестерол
Зголемениот холестерол е многу вообичаен проблем од кој е многу тешко да се решите. Авокадото ќе го намали холестеролот, па затоа користете го колку што е можно почесто.
Лош здив
Ако ве мачи лош здив од кој никако не можете да се решите, авокадото е една од најдобрите намирници за справување со овој проблем. Авокадото ќе ги отстрани бактериите што се наоѓаат во усната шуплина, а кои се причина за лошиот здив. За да го решите овој проблем што е можно порано, најдобро е авокадото да се консумира сирово.
Коса и кожа
Маслото од авокадо има широка примена и е многу честа состојка на кремите, шампоните и останатите производи кои можеме да ги пронајдеме во продавниците за козметика. Одлично е и за чувствителна кожа склона на иритации или алергии, а помага кај проблемите со сува кожа. Исто така, постојат безброј маски за лице на база на авокадо кои можете да ги подготвите сами.
Извор: Journal.hr