Авокадото не е нешто што расте на нашето поднебје, сепак во последниве години е исклучително популарно и многумина го користат во својата кујна.
Ова овошје, кое уште се нарекува и „алигаторска круша“ поради грубата текстура и обликот, има навистина многу корисни својства.
Ние одбравме неколку кои можеби доколку се' уште не сте го пробале, ќе ве охрабри следниот пат да го сторите тоа:
- Полно со калиум, железо, бакар, фосфор и магнезиум, како и витамин А и витамин Ц и Е, а важи и за еден од најдобрите извори на влакна.
- Авокадото пријатно делува на целиот организам, а особено е корисно кај проблемите со срцето и крвотокот, а одлично е и за забрзување на метаболизмот.
- Супер избор ако слабеете - иако авокадото содржи најмногу масти од било кое друго овошје, неговата консумација се препорачува доколку сакате да изгубите некој килограм. Авокадото е и еден од најголемите извори на влакна поради што ќе се чувствувате заситени подолго време.
- Одлично се комбинира со сите видови месо, овошје и зеленчук, а во поново време се користи и како замена за маслиново масло. Можете да го консумирате како смуди, или како намаз во тост или на брускети, сос, во салата...
- За оние кои боледуваат од псоријаза се препорачува секојдневно да се мачкаат со масло од авокадо на зафатените подрачја. Постапката можете да ја повторите и два пати дневно и на тој начин да ја намалите иритацијата, чешањето и лупењето на кожата.
- Ако ве мачи лош здив од кој никако не можете да се решите, авокадото е една од најдобрите намирници за справување со овој проблем. Авокадото ќе ги отстрани бактериите што се наоѓаат во усната шуплина, а кои се причина за лошиот здив. За да го решите овој проблем што е можно порано, најдобро е авокадото да се консумира сирово.