Како да отстраните лак за нокти кога немате ацетон?

29 октомври 2014

Сигурно досега многупати сте се нашле во ситуација да останете без ацетон во козметичката торбичка, а во моментот немало време  да купите. Излупените и неуредни нокти никогаш не треба да бидат случај на вашите раце, затоа доколку се најдете во ситуација да немате ацетон, катастрофата не е неминовна. Постојат неколку трикови што барем малку ќе ве поштедат од лошата репрезентативност. Овие трикови не се комплетно ефектни, но ќе ви послужат.

Една од опциите е да користите парфем. Најдобро е постапката да ја изведете на отворено, бидејќи мирисот ќе биде силен. Неколку пати напрскајте на памук и со нежно триење обидете се да го отстраните лакот.

Друга алтернатива е медицинскиот гел за раце. Гелот исто така нанесете го на памук и поминете неколку пати врз ноктите.

Треиот пак, сосема ќе ве изненади. Нанесете слој на сјај за нокти и избришете, пробајте го истото неколку пати. Лакот ќе исчезне.

Овие трикови нема да ја отстранат бојата од работ на ноктите кај кутикулите, но затоа со следното аплицирање нов слој лак,  претходниот нема воопшто да се забележи. Пробајте, но во првата  прилика приоритет нека ви биде отстранувачот за лак.

 

 

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Убавина