Како да се нашминкате за само 90 секунди

7 април 2014

Секојдневно жените се соочуваат со недостаток на време бидејќи дневната агенда на повеќето е исполнета со голем број обврски, а особено „бурни“ се утрата. За да можете да стигнете да ги завршите сите утрински задачи, а притоа да имате можност да си овозможите и минута време за себе, во продолжение ви нудиме инспиративно видео кое ќе ви покаже како да се нашминкате за само 90 секунди. Без разлика, кои се вашите причини за секојдневното доцнење на работа, факт е дека за да се средите и да изгледате убаво потребни ви се помалку од две минути.

Застанете пред огледалото и пуштете ја стоперката.

Прво земете го вашиот коректор и нанесете го низ целото лице, при нанесувањето можете да ги користите вашите прсти или четка. Она што е важно додека го нанесувате коректорот е да бидете експедитивни и брзи. Потоа со четкичка нанесете сенка и оцртајте ги очите со туш или црн молив за очи. Следниот чекор е да ставите маскара, и да ги обоите вашите усни. Карминот можете да го разнесете низ површината на усните со прстите, а она што ќе ви остане на нив нежно да го размачкате на образите како руменило.

Објавено:
7 април 2014
Категорија: 
Убавина