Како косата да ви порасне побрзо?

10 февруари 2014

Добро е познато дека лукот и пивскиот квасец имаат одлично влијание на растот на косата, но дали знаевте дека циметот исто така е одличен за третирање на коренот на косата?

Циметот всушност е еден од најдобрите природни стимулатори на растот на влакното. Етеричното масло од цимет го препорачуваат некои од најдобрите фризери во светот како одличен совет за брзо растење на косата. Тие советуваат неколку капки од маслото добро да се втријат во кожата на главата и да отстојат неколку минути.

Всушност, во светот не постои официјално истражување што го потврдува ова тврдење на фризерите, но дерматологот Франческа Фуско вели дека нејзините пациенти биле многу задоволни од овој совет.

Сите оние кои сакаат да го испробаат циметот во борбата против опаѓањето на косата и нејзин брз раст, потребно е да си набават ароматично масло од цимет и прво да го испробаат на мал дел од кожата за несакани ефекти, па внимателно да го нанесат на кожата на главата. По масажата, добро исплакнете го.

Доколку веќе сте имале непријатни ситуации со слични вакви совети за брз раст на косата, задолжително консултирајте се со вашиот дерматолог пред употреба и на ова масло.

Објавено:
10 февруари 2014
Категорија: 
Убавина