Каков облик на веѓи му одговараат на вашето лице?

30 јануари 2014

Сигурно речиси сите припаднички на понежниот пол знаат дека обликот на веѓите е многу важен. Формата може да го разубави, но и нагрди вашето лице, штом се погреши еднаш треба да почекаме да пораснат и да ги камуфлираме и дообликуваме со молив или сенка за веѓи. Како што сте посветени на формата на вашата коса, исто толку треба да бидете посветени на веѓите, бидејќи токму од нив вие може да изгледате поинаку одошто посакувате. Нели, очите се прозорец на душата, тогаш немојте да ги „затворате“погрешно. Прво, наоѓањето на вистинската форма, зависи од обликот на вашето лице.

Квадратна форма

Оние што имаат квадратна форма на лицето и истакнати јаболчници, во никој случај не треба да имаат тенки и кратки веѓи. Нивната должина треба да биде до аголот на јаболчниците и да не го шири вашето лице дополнително. Доколку имате тенки веѓи во форма на запирка, контурите на вашето лице ќе ја „изгубат“ природната линија. Доколку веѓите не ви се доволно густи, пробајте да ги здебелите со четка на која ќе аплицирате сенка за веѓи, а не молив, тој прави веѓите да изгледаат неприродно.

Триаголна форма

Пред истите предизвици како и кај оние што имаат квадратна форма, се и таквите со триаголна форма на лицето.  Познатите козметички експерти советуваат дека и вие треба да го избегнувате тенкиот облик на веѓи  и да преферирате форма иста како за квадратниот облик на лице, која ќе ги потенцира вашите очи, а благо ќе ги сокрие и подочниците.

Форма на дијамант

Лицата во форма на дијамант најчесто имаа изразено чело и подбрадок. За ваквиот облик советуваме да имате природно заоблена форма на веѓите и средна ширина која се „движи“ по коската над очите. Со ваква форма на веѓи, челото и подбрадокот ќе добијат помек визуелен изглед.

Овална форма

Овалната е позната како најбалансирана форма на лице. Обликот на ваквото лице е во силна изразена пропорционалност, затоа токму таков треба да биде и обликот на веѓите чија форма треба да го следи почетокот и завршетокот на коскените агли над очите. Во однос на дебелината, вие сте поослободени да експериментирате и менувате, затоа што  ви одговараат подебели, но и средна ширина на веѓи.

Кружна форма

Никогаш не треба да имате веѓи како овие од фотографијата, кои се нецелосни и прават лицето да изгледа уште по тркалезно. Ако имате кружен облик на лицето, вие треба аглите да ги создадете преку веѓите. Благо закосените веѓи не многу густи се идеалните за вас.

Облик на круша

И девојките со крушкаст облик на лице треба да се водат според правилата како оние со кружна форма. Во овој случај челото е високо и тесно, а изразени се јаболчниците, ако досега сте носеле заоблен облик на веѓи, итно треба да ги промените со тоа што ќе ги направите поостри и со истакнати агли од внатрешните до надворешните агли на очите.

 

 

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Убавина