Кара Делевињ во божиќната кампања на Ив Сен Лоран

25 септември 2014

Модната куќа за новата кампања реши да ја искористи фотографијата од Кара Делевињ направена за новогодишната фотосесија, со што официјално ја потврдија соработката со манекенката како нивно заштитно лице за новата претстојна божиќна колекција шминки. Во неа типично за тој период од годината акцент се става на бронзените и златни нијанси, во комбинација со нагласени „smokey eyes“ и усни нагласени со кармин во бордо нијанса.

Колекцијата е богата со избор на сенки во потемна, но и светла нијанса, пудра, маскара, кармин, лак за нокти во бронзена и златна нијанса и сето тоа спакувано во амбалажа украсена со леопардов принт.

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Убавина