Кога кожата се масти, посегнете по одличните производи на Lush!

16 август 2019

Кожата во лето може да биде доста проблематична. Секако, тоа настанува како резултат на намалувањето на степенот на хидратација со што се зголемува потребата од тонирање. 

Дел од нас со овој проблем се справуваат многу лесно, со употреба на одредени производи за хидратација, но постојат и такви кои не можат лесно да се справат со сувата кожа. 

 

Најчесто се појавува проблем со зголемување на нивото на природно лачење на серум.

Чистењето е основата на секоја нега! Кога кожата ќе почне повеќе да ви се масти, посегнете по следниве производи на Lush. 

Coalfacе е сапун за масна кожа и отворени пори. Содржи мелен јаглен кој овозможува да се апсорбира вишокот на маснотија и делува како нежен ексфолијатор. Во овој сапун има и корен од ликвириција за смирување и масло од ружа за омекнување на кожата. Coalface ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на сјај , отворените пори и црнки на лицето. 

Fresh Farmacy е сапун за лице и тело склоно кон акни. Доколку вашата кожа е осетлива, склона на иритации и акни, масен сјај, тогаш овој сапун е за вас. Тајната е во смирувачката камилица, лавандата, невенот и и каламинот глина. 

Aqua Marina e чистач за нормална накај масна кожа. Содржи каламин и алое вера и е наменет за чувствителна, иритирана кожа. Исто така, содржи и морска алга Нори за омекнување. 

Тониците се секогаш добитна комбинација во овие летни, топли денови. 

Tea Tree Water е тоник за комбинирана и масна кожа, содржи чајно дрво, грејпфрут и смрека. Ја тонира и детоксицира кожата со вишок сјај. Одличен е во борба против акни и отворени пори. 

Breath of Fresh Air е ветер покрај море, заробено во шише. Најосвежувачки тоник, со караген кој е богат со минерали, и абсолут од ружи кој ја тонираат и балансираат кожата. Розите го намалуваат црвенилото. Одличен е за летно освежување, а маслото од пачули разладува. 

Mask of magnaminty е одлична разладувачка маска со пеперминт кој разладува. Бентонит гелот длабински ја чисти кожата, има и мед кој делува како антисептик и мелен азуки грав кој прави нежна ексфолијација со самото отстранување на маската. 

Just to Clarify е желе маска за масна кожа. Содржи караген од морски алги, кои и даваат желе ефект. Затоа е одлична за смирување на кожата. Во неа има папаја и грејпфрут кои се одлични одмастувачи и стебло од бамбус за нежна ексфолација. 

Јаготката на шлагот. Нејзиното височество крема! Во Lush постојат две креми за масна кожа, зависно од тоа дали кожата е склона кон акни и чувствителна или пак го нема тој проблем освен вишокот на сјај. 

Vanishing Cream крем за масна кожа со акни и отворени пори. Содржи минимална количина на масла. Лесно се впива. Главна носечка состојка е лавандова медова вода. Резултатот е антисептички, тонирачки и омекнувачки својства на кожата. Содржи и масло од семки од грозје, мед и див лешник. Резултатот е чиста кожа, без акни! 

Enzymion е крема за масна кожа со свежо цедена папаја, која што содржи витамин А, Б и Ц, минерали, калциум и железо. Исто така додадовме и масло од ноќниче кое е рецепт за млада кожа и свеж органски лимон кој тонира и балансира. 

Почувствувајте ја вашата кожа толку добро како никогаш досега и вратете и го природниот баланс на серум.

Комерцијален текст

Објавено:
16 август 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
639 пати