Кои бои на лак да ги нанесете после вашето сончање

7 јули 2013

Летната сезона е полн ек, а со тоа и заминувањето на годишен одмор. Чоколадниот и бронзен тен е желба како на припадничките од понежниот пол така и на оние од посилниот пол. Тимот на fashionel  истражуваше кои бои на лакови за нокти одговараат кога вашиот тен е потемен од вообичаено и кое е значењето на боите. Меѓу склопот на нијанси, портокаловата боја дефинитивно ја  одбележува  сезоната, а место блиску до пиедесталот зазема и светло сината, виолетовата и жолтата. Секоја боја, со своја приказна, свој белег и значење. Креативна умствена гимнастика, додека читате за значењето на овие топ 4 тонови пробајте да ги излакирате вашите нокти.

 

 

Портокалова

Во Антички Рим со оваа боја биле боени ткаенините за свадба. Ова е поради тоа што симболизира унија на чувства и топлина.

Во хинду религијата овој тон укажува на одрекување од материјалните добра и подвизи.

Интересно е дека оваа боја укажува на втората чакра која е регулатор на сексуалноста, емоциите, инстинктите и создава баланс помеѓу телото и умот.

 

 

Жолта

Заедно со своите нијанси претставува света боја во будизмот и симболизира мудрост.

 

 

Сина

Според, Маите сината и зелената се боите кои се наоѓаат во центарот на универзумот.

Во древен Египет сината е боја на кожата на богот на воздухот Амон.

За Ориентот тоа е боја која се бори против лоша среќа. За луѓето кои имале сини очи с велело дека поседуваат магична моќ.

 

 

Виолетова

Тоа е боја која често се поврзува со магија и мистерија. Можеби затоа што ретко имаме можност да ја сретнеме во природата.

Во Европа и Северна Америка, виолетовата боја и нејзините нијанси заради својот слаб интензитет се често поврзувани со површност и екстраваганција. И не е случајно што од седумте смртни гревови,виолетовиот тон е заштитен на знак на  гордоста и суетата.

 

 

 

 

Објавено:
7 јули 2013
Категорија: 
Убавина