Црните бисери се меѓу најсовршените креации на природата. Тие се обликуваат во тиркизните лагуни во околните острови на Полинезија. Формирани се од бисерните остриги, а она што ги прави уникатни е нивната природна темна боја. Повеќето од нив и не се со црна боја, најчесто имаат темно сива или сребрена нијанса, а некои од нив имаат маслинесто-зелена боја.
Поради овие уникатни нијанси на бои, имитациите на црните бисери лесно се препознаваат и затоа се повредни од обичните бисери. Црните бисери се многу ретки.
Одгледувањето на црни бисери е значајна гранка во економијата, туризмот и културата на Тахити. Ова е и причината зошто тоа е направено под екстремно високи стандарди и контрола на квалитетот.
Накитот добиен од морето веќе долго време е дел од легендите. Со векови Тахити и островите околу него имале репутација на митски рај. Тахитскиот црн бисер се смета за симбол на чистота и совршенство. Долго време пред да бидат откриени од западната цивилизација, темните бисери биле почитувани од страна на населението како знак за благородност и убавина.
Царството Кина, црниот бисер го дефинира како симбол на мудроста и негов чувар е змејот кој го носи меѓу забите. Хинду писателите во своите книги запишале дека црните бисери биле поврзувани со облаците, слоновите и змиите. Земјите од Ориентот пак мислеле дека црните бисери се солзи од ангели, сирени или митски вили. Во Сејлон има легенда која вели дека црните бисери се создадени од солзите на Адам и Ева. Во продолжение погледнете ги овие уникатни креации на природата: