Морската сол има бројни предности во нашата исхрана, но и во рутините за разубавување. Секако, треба умерено да се користи во исхраната, односно да се контролира количината морска сол која ја внесуваме во организмот, затоа што во спротивно може да има контра ефект.
Доколку правилно и соодветно се користи, во умерени количини, еве кои се предностите и придобивките од консумирањето морска сол:
*Солта помага во регулирањето на нивото на шеќерот во крвта
*Таа е природен антихистамин, односно помага во случај на алергиски реакции или астма. Само ставете малку сол на врвот на јазикот
*Солта му е потребна на човечкиот организам со цел да ја регулира pH вредноста во желудникот
*Помага полесно да спиете
*Го намалува нивото на адреналин или хормоните на стрес
*Ја балансира работата на хормоните
*Го забрзува метаболизмот
*Помага во работата на тироидната жлезда
*Ја прави храната повкусна