„Кристален“ парфем од Armani Prive за празничната сезона

26 декември 2014

Линијата парфеми на Armani Prive насловена како „The Thousand“ и „One Nights Collection“, доби ново, празнично пакување специјално за претстојната сезона.

Месецов, модната куќа ги здружи силите со луксузниот бренд за накит Сваровски од каде го украсија познатото шишенце со безброј кристали.

Пакувањето на парфемот сосема нормално, е дел од лимитарана колекција, а истото е украсено со четири видови на Сваровски кристали.

Парфемот е достапен во неколку стоковни куќи, внимателно одбрани од брендот. Целото „тело“ на шишенцето е обложено со сјајни кристали, а мирисот содржи неверојатни ноти создадени од ванила.

Доколку сѐ уште немавте одбрано подарок за вашата сакана, веруваме дека уникатниот парфем сосема ќе ја израдува!

Објавено:
26 декември 2014
Категорија: 
Убавина