Сината со портокаловата, розовата со жолтата, зелената со пурпурно виолетовата или бордо црвена боја и се така до недоглед. За следната сезона се огласија и тенденциите за шминка и козметика. Според експертите водечката нишка ќе биде контрастот кој ќе морате да го одржувате помеѓу вашиот лак за нокти со карминот. Еве неколку совети кои тонови се актуелни и со кои бои да ги комбинирате.
Според експертите жолтата боја совршено се вклопува со портокаловата, розовата, со црната и црвената и со сината и зелената. Имате апсолутна слобода кога станува збор за жолтата нијанса бидејќи е во хармонија со сите други бои, па вашите можности за комбинирање се неисцрпни.
Ако се одлучите за портокалов кармин, тогаш бојата на лак за нокти можат да ви бидат сите зелени и сини варијанти, а за посмелите ја претпочитаме и оваа комбинација виолетов темен кармин со портокалов лак за нокти.
Без разлика како ќе ги комбинирате ефектот кој треба да го постигнете е контрастот на пастелна боја со темна нијанса. Така магливите и сиви зимски денови дефинитивно повторно ќе се обојат во боите на сонцето, а вие ќе бидете тренди, модерни и среќни.