Лакот за нокти заминува во историјата

5 ноември 2015

Како пренесува Vogue, лакот за нокти, барем оној класичниот што нас ни е познат, изгледа ќе замине во историјата. Најновиот производ за нанесување на овој производ е спреј во боја.

Се работи за нов производ на Nails Inc’ –Paint Can. Начинот на употреба е следен. На ноктите нанесувате основен лак, а потоа спрејот го распрскувате по ноктите. Веројатно се прашувате, како ќе функционира тоа, со оглед на тоа дека ќе ги испрскате прстите, па дури и раката. Да, спрејот ќе биде и на раката, но она што е добро е што веднаш се отстранува со малку сапунче и вода или со влажни марамчиња. Но, спрејот на ноктите ќе остане.

Алекса Чанг веќе го проба, така што веројатно ова ќе биде еден од омилените производи на трендсетерките. Брзо е, едноставно и најважно – забавно. За сега од компанијата пуштија две бои – сребрена и розова. Во продажба ќе биде пуштен од 12 ноември, а ќе чини околу 15 евра.

Што  мислите вие за новиот изум?

Објавено:
5 ноември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
11.306 пати