Лејди Гага личи на уметничка слика

14 август 2013

 

Не знаеме кој сликар беше инспирација за новиот начин на шминкање кај една од најпопуларните пејачки екстравагантната Лејди Гага. Размачкани по нејзиното лице како на сликарско платно сите бои на виножитото, а задниот дел од главата целосно избричен. Причина за ваквата промена е промоцијата на новата песна Applause.

 

 

„Јас не сум дефинирана визија на некој дизајнер , не само во поглед на облеката која ја носам, туку и на шминката и фризурата. Јас го следам концептот на иконата. Вистината е дека јас не сум икона. Јас сум недоволно искористена, а сите сакаат дел од мене. Епа еве ме сликајте по мене, бричете ме, облекувајте ме....ВАША СУМ“,изјави пејачката за медиумите.

 

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Убавина