Лесни и едноставни летни фризури

1 август 2016

Во летните денови релаксирајте ја косата од пегла, фен или фигаро и искористете ги сите алтернативи што ви се на располагање, а што подразбираат природна коса без никакви вештачки третмани.

Постојат безброј начини како да си направите лесна и едноставна фризура, која сепак убаво ќе изгледа, а истовремено ќе трае цел ден додека сте на плажа.

Плетенките се број еден и оваа летна сезона, но исто така одлична идеја се лесните високо кренати опавчиња врзани со марама, „неуредната" пунџа или пак косата префрлена на едната страна и лесно фатена со украсни шноли.

За коса со различна должина, во продолжение неколку идеи за летни и лесни фризури.

Објавено:
1 август 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.144 пати