Манифест на баланс и контраст на бои

25 јуни 2013

 

YSL со новата фотосесија во која позира славната актерка Џесика Честејн ја најави почетната кампања на својата нова  колекција шминка која е продолжение на мирисната линија, позната под името „Manifesto“. Црвенокосата убавица го заслепи објективот на Макс Вадукул, во серија портрети на црни парчиња облека, дизајнирани од Хеди Слимејн. Идејата е да се постигне контарст меѓу црвената коса на Џесика, црните модели и белата соба, а истовремено да се долови балансот на шминка и парфем.

 

 

Објавено:
25 јуни 2013
Категорија: 
Убавина