Сите обожаватели на Анџелина Џоли со нетрпение го очекуваа мај кога ќе се случи и големата премиера на долгоочекуваниот кино – хит „Maleficent“ (Злобната вештерка) во која Анџелина Џоли ја толкува главната улога.
Прекрасната холивудска миленичка по подолга пауза од актерството, се посвети на режирањето и хуманитарната работа и секако – семејството.
Во рамки на промотивната турнеја за „Maleficent“ Анџелина се врати во модните магазини. Актерката изгледа прекрасно во црно – белата фотосесија што фотографот и дизајнер Хеди Слимејн ја направи ексклузивно за магазинот, а во интервјуто зборува за животот со Бред Пит, за семејството, но и за нејзиното последно филмско остварување.
Познатата убавица често можеме да ја видиме во парчиња од модната куќа Сен Лоран Париз, па воопшто не е чудно што за овој едиторијал е одбран токму Слимејн.
Познат по својата рок естетика и љубов кон црно – белите фотографии, Слимејн создаде фантастичен едиторијал насловен како „Untamed Heart“. Стајлингот на прекрасната актерка е дело на Џои Зи.