Анџелина Џоли е вистинска митска убавица на премиерата на „Злобната вештерка“

30 мај 2014

Прекрасната Анџелина Џоли дефинитивно уште еднаш покажа зошто е прогласена за една од најубавите жени во светот!

На премиерата на нејзиното последно филмско остварување Maleficent (Злобната вештерка), таа изгледаше како вистинска митска убавица во раскошниот свилен фустан од Ателје Версаче што наликуваше како да е изработен од кожа, надополнет со накит што ја нагласува бунтовноста.

За оваа премиера, прекрасната актерка се одлучи за уникатен накит од Стела Мекарти изработен специјално за неа што дефинитивно предизвика големо внимание на црвениот килим.

На премиерата, Анџелина се појави со целото свое семејство, а единствено недостасуваше малата Вивиен.

Од прв до последен, секој член од семејството на Анџелина изгледаше беспрекорно. Особен впечаток остави и нејзиниот партнер, актерот Бред Пит,  кој на црвениот килим се појави во целосно црна комбинација со очила за сонце. Иако пред неколку дена доби удар во лицето од скандалозен новинар кој беше веднаш уапсен, сепак сето тоа очигледно се надмина за брзо време, и тој продолжи понатаму како вистинска поддршка на неговата партнерка.

Нивните пет деца  изгледаа преслатко во елегантните и уредно одбрани комбинации,  во чиј најголем дел беа вклучени слатки елечиња и уште послатки костими.

И на самата премиера, Џоли уште еднаш посочи дека целиот нејзин свет се врти околу децата  и дека сѐ што прави всушност е само за нив.

„Секој ден додека го снимав филмот, што и да правев, што и да снимав, прво се прашував дали ова ќе им се допадне на моите деца, на моите обожаватели...Мојата работа е да ги забавувам луѓето и секогаш се трудам тоа да го правам најдобро што можам и постојано се надевам дека децата ќе се забавуваат најмногу“, изјави Анџелина на премиерата.

 

Објавено:
30 мај 2014
Категорија: 
Актуел