Најчести грешки што жените ги прават кога сакаат да постигнат природен изглед

22 јули 2014

Многу жени во текот на летото се обидуваат да постигнат природен изглед „без шминка“, но многу често резултатот на ваквото шминкање, изгледа секако, само природно не.

Ако единствено сакате да ги поправите неправилностите на лицето и со тоа истото да ви изгледа сосема природно, обидете се да ги избегнувате следниве грешки.

1.Пудра и руменило – без маскара

Еден од најлошо изведените природни изгледи е токму овој. Нашминканото лице без маскара изгледа многу постаро и поуморно, а слоевите пудра се забележуваат многу повеќе. Ако сакате или морате да ја избегнете маскарата, а да ги прикриете мааните на лицето, одберете ББ или ЦЦ крема која што на природен начин ќе му даде боја на вашето лице. Ако сакате природен изглед, морате малку да намалите и на руменилото, односно секогаш да одбирате нежни нијанси како светло розово или руменило со боја на праска и истите да ги нанесете во многу тенок слој.

2.„Богато“ исцртани веѓи

За добар изглед „без шминка“ многу се важни уредните веѓи кои му даваат живот на целото лице, но темните и очигледно исцртани веѓи ќе му дадат на вашето лице помалку комичен изглед. За деновите без шминка одберете светла сенка или моливче за веѓи од онаа боја која што ја користите секојдневно без дополнително да ги истакнувате.

3.Јака боја на кармин на усните

Освен ако не сте една од малкуте среќнички на светот кои имаат совршен тен, густи црни трепки и убави веѓи, немојте да нанесувате јаки бои на кармин на лице без шминка. Секогаш одберете пастелни нијанси на кармин, најубаво во боја на кожата или едноставно – безбоен балзам за усни.

Како да постигнете добар изглед „без шминка“

1.Со коректор во боја на кожата покријте ги подочниците и црвените дамки на лицето. Немојте да користите коректор во стик, туку само кремаст и тоа во бојата на вашата кожа, а не неколку нијанси посветол бидејќи на тој начин ќе постигнете контра ефект.

2.По желба, нанесете хидратантна, ББ или ЦЦ крема.

3.Малку коректор нанесете и на очните капаци за да го намалите уморниот изглед и црвенилото на истите.

4.Уредно, нанесете еден слој маскара на трепките.

5.Ако не можете да се замислите себеси без сенка, на очните капаци нанесете нежен слој сенка во боја на кожата или во праска боја, но никако бела, бидејќи на тој начин и нема да изгледате толку природно.

6.Масната Т – зона матирајте ја со транспарентна пудра во прав.

Објавено:
22 јули 2014
Категорија: 
Убавина