Најдобрата стратегија против првутот

13 декември 2013

Во ладните месеци создавањето на првутот се зголемува повеќе од обично. Ако имате проблем со првутот подолг период потребно е да побарате совет од дерматолог. Ако пак, првут ви се јавува повремено пробајте да се решите од него следејќи ги овие неколку совети.

Често миење на косата

Првут може да добијат и оние со масен но и сув скалп на главата. Доколку веќе го имате првутот, дерматолозите советуваат често миење на косата, зашто на тој начин тој повеќе паѓа и ја чисти косата и кожата на главата. Побарате од фармацевтот во аптека медицински шампон, а не од комерцијалните шампони во продавница кои ви ветуваат гарантирано решавање на проблемот.

Правилно шампонирање

Ако користите шампон само поради пријатниот мирис, за сјај на косата, или за одржување на бојата, задолжително на крај од миењето шампонирајте со специјален препарат против првут. Притоа оставете го тој да делува 10 минути, а потоа исплакнете.

Билни лекови

Првутот може да се лечи и со билни лекови, освен со шампон и маски. Мијте ја косата со чај од темјан и рузмарин. Кромидот исто така ќе ви помогне поради сумпорот кој го содржи во составот, а користете го на начин што свеж ќе го трлате по темето. Мириса, но ќе измиете подоцна и тој ќе исчезне.

Важноста на исхраната

Витаминот Б е многу важен во борбата против првутот, а ќе го пронајдете во пилешко месо, риба и зелена салата. Детоксикацијата на организмот со помош на чај од нане исто така ќе го намали перутењето.

Што помалку чешлање

Не се чешлајте подолго време. Бидејќи чешлањето оди од коренот кон врвовите, првутот повеќе излегува на површина, а чешелот го надразнува темето. Изберете четки со природни влакна, а не пластични или метални. Професионалците советуваат чешлање еднаш дневно, ако имате проблеми со првутот.

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Убавина