Третмани за масна коса

20 јуни 2013

Хемиските производи се полни со адитиви кои се агресивни за кожата на главата и косата, а особено ако се работи за масна кожа која е чувствителна на надворешни фактори. Ние ќе ви предложиме листа на природни производи кои може да ви помогнат во борбата со овој проблем.

Глина – можете да ја купите во било која аптека. Таа има благотворно својство бидејќи ја упива маснотијата, па е идеална во борбата против маснотијата.

Белка од јајце – доколку имате нормална коса користете цело јајце барем еднаш месечно. Доколку имате сува коса се препорачува жолчката, а сите они кои имаат масна коса добро би било да користат белка од јајце еднаш неделно бидејќи содржи ензими кои ги уништуваат бактериите и ја намалуваат маснотијата.

Јаболков оцет – измешајте две или три лажици оцет со литро вода и нанесете ја на косата по испирањето со шампон, почекајте неколку минути и потоа со млака вода измијте ја косата. Јаболковиот оцет е познат по тоа што ги уништува бактериите кои создаваат маснотија,  го намалува опаѓањето на косата и и дава сјај.

Црн чај – доколку имате масна коса добро би било да ја испирате еднаш неделно со разреден црн чај.

Сода бикарбона – стар лек кој е добар не само за намалување на маснотијата, туку и против опаѓање на косата, намалување на првутот и габичните инфекции. Се што треба да направите е во шампонот да истурите едно ќесе сода бикарбона и да го користите за миење на косата.

Коприва - досега сигурно многу пати сте слушнале за благотворното дејство на копривата, а истото се однесува и за масната коса. По шампонизирањето на косата, исперете ја со чај од коприва, а со честото користење резултатите сигурно ќе бидат видливи.

Јогурт – доколку имате масна коса тогаш направете сами маска со пет лажици јогурт,  една лажица сода бикарбона и една лажица свеж исцеден лимунов сок.

Кантарион - дејствува исто како и рузмаринот во борбата против масната коса. Во заблуда сте ако мислите дека маслото кантарион само повеќе ќе ја измрси вашата коса, а покрај тоа што ќе ви помогне во решавањето на овој проблем, маслото ја потхранува вашата коса.

Прашок за пециво – може ви звучи чудно, но овој лек е пред се ефтин за да не го испробате. Измешајте една лажица прашок за пециво со една шоља вода. Нанесете го на темето на косата и добро измасирајте го. По нанесувањето на смесата,  исперете ја косата со јаболков оцет растворен во литро вода и секако за крај добро измијте ја со млака вода.

Пантенол – водениот раствор може да се набави во аптека. Ефикасен е во борбата против маснотијата на кожата истовремено штитејќи ги правилните функции на кожата на главата и стимулацијата на регенеративните процеси.

Нане – овој народен лек е општо познат. Во три децилитри вода сварете чај од нане, потоа отстранете ги листовите и течноста помешајте ја со шампонот. Добро би било одреден период да не користите регенератор и наместо него да нанесувате лимунов сок или јаболков оцет.

Објавено:
20 јуни 2013
Категорија: 
Убавина