Тоа значи дека голем дел од мејкап трендовите и фризурите сами по себе се наметнуваат како задолжителни за сите оние кои живеат буквално за и во име на модата. Главниот впечаток е дека негуваниот и нежен изглед е секогаш ин, нагласување на очите со ајлајнер и можеби изгледа чудно, но дефинитивно тренд кај фризурите се коњските опавчиња со нагласен патец на средина.
Валентино
Пат Мек Грат го задржа едноставниот изглед, со ептен нежна дури и неприметлива сенка за очите и бледо розов или безбоен сјај на усните. Гвидо Палау во однос на фризурите се одлучи за нагласен патец на средина, а косата собрана на задниот дел.
Џорџо Армани
На ревијата преовладуваа нагласени smokey eyes со сребрено - сива сенка и нагласени веѓи, а косата беше собрана во капа со накит.
Шанел
Мејкапот беше највпечатлив на модната ревија на Шанел. Очите беа нагласени со црн ајлајнер на горниот очен капап, а на долниот дел линија исцртана со светки. Исто така покрај шмиката, внимание привлекоа и фризурите кои едноставно отскокнуваат од класиката на коњски опавчиња и кадрици.
Џамбатиста Вали
Очите беа фокусот кај манекенките на оваа модна ревија. Нагласени очи со црн ајлајнер, бледа кожа и беж речиси неприметлив кармин за усни. Во однос на фризурите, тие беа модерни со тргање на косата од предниот дел за да се стави акцент на лицето.
Кристијан Диор
За разлика од другите модни куќи, кај Диор акцентот беше ставен токму на усните со нагласен црвен карми, а очите со нежна комбинација од беж и кафена сенка. Во однос на фризурите, косата беше собрана зад ушите со нагласен страничен патец.
Скјапарели
Секоја манекенка изгледаше уникатно како во однос на мејкапот, така и во однос на фризурите. Тие варираа во зависност од конкретната креација, а особено фризурите кои беа буквално во секакви форми и бои, а некои беа надополнети со интересни модни додатоци.
Версаче
Пат Мек Грат за оваа ревија одлучи моделите да изгледаат гламурозно со нагласени трепки, црн молив за очи, бронзенка сенка на долниот дел и сина на ќошот на очите. Фризурите изгледаа едноставно, со патец на средина и со интересен моден додаток кој ја покрива целата коса.