Во последно време сѐ поголем хит станува природниот изглед, но всушност тој е и најтежок за постигнување.
Меѓу трендовите кај природниот изглед, дефинитивно најголемо внимание предизвикаа лежерните бранови во косата кои конечно знаеме како најлесно да ги направиме.
Ники Велш сними видео туторијал објавен на нејзината Youtube страна, каде на сите девојки им покажа како за неколку минути ќе направите совршени бранови во косата.
Како што објаснува во видеото, единствено потребни се четка, пегла за коса и тенок чешел за да ги одвоите прамените коса.
Таа советува дека најдобро е пред да почнете да ја измиете косата и да ја оставите да се исуши природно, па потоа да нанесете спреј за заштита од топлина.
Ники почнува со тоа што ја дели косата на два дела, односно прави патец на средината и полека почнува да ја дели косата на прамени кои потоа многу едноставно ги средува со пегла.
Во видеото погледнете како таа го прави тоа и задолжително пробајте ја оваа техника уште денеска.