Наоми Вотс е новиот амбасадор за Лореал
•
24 октомври 2014
Најновата славна личност која е избрана да биде амбасадор на брендот за декоративна козметика Лореал е австралиската актерка, Наоми Ватс. Со таа одлука, Вотс и се приклучи на ѕвездената армија актерки, Џулиен Мур, Ева Лонгорија и Блејк Лавли кои одамна се приклучија во редовите на Лореал.
По тој повод во средата во Париз, брендот организираше гламурозна вечера, на која беа презентирани обврските и задачите на новата амбасадорка која за медиумите изјави дека искрено се надева дека успешно ќе одговори на секој предизвик и достојно ќе ги одбрани боите на луксузниот бренд.