Научете и практикувајте софрологија – работилниците закажани за овој викенд

2 јули 2015

Во петокот во  Скопје во просториите на Лукс Интерга беше одржано воведното предавање на тема динамична софрологија, под водство на Софрологот практичар Лепосава Тодорова, а како најава за дводневните работилници закажани за 4-ти и 5-ти јули.

Работилниците ќе се одржуваат во истите простории, во период од 10 до 17.30 часот, а преку кои учесниците ќе имаат можност да се запознаат и да ја практикуваат динамичната софрологија за која повеќе можевте  да се информирате од интервјуто кое го направивме се Лепосава Тодорова.

Таа е Македонка која веќе 11 години живее во Брисел. Во меѓувреме таа се квалификуваше за Софролог практичар и ја пренесува оваа неверојатно корисна техника на секој кој е отворен и одлучен да работи на себе. Зад себе има искуство од над 300 сесии, како индивидуални така и групни, но и личен тренинг како и тренинг со нејзини колеги, Софролози.

За сите детали во однос на најавените предавања и работилници може да се информирате на нејзината веб www.amazingsophrology.be и фан странаwww.facebook.com/AmazingSophrology.

Објавено:
2 јули 2015
Категорија: 
Убавина