Нејзините совети ги слушаат сите во Холивуд

27 јуни 2013

Од  Дру Баримор, Оливија Вајлд, преку Овен Вилсон, до Дита фон Тиз, бројните ѕвезди ги следат нејзините совети и начела за здрав начин на живот, детоксикација и убавина.

-Убавината се гради од внатре кон нанадвор, а за кожата да биде сјајна и убава, треба да се јадат намирници кои на органите и кожата ќе им дадат енергија. Избегнувајте ги лајт производите, како и газираните пијалаци со вештачки засладувачи, затоа што ја сушат кожата и ја прават осетлива - советува Снајдер.

Најдобро за кожа

Нутриционистката најмногу верува во моќта на ананасот, кој би требало да го јадете барем еднаш неделно, за да го поттикнете производството на колаген во кожата. Семето од лен е одличен додаток во јадењата, затоа што е богато со есенцијални масни киселини кои го спречуваат внатрешното сушење на кожата. Кај појавата на мозолчиња, Снајдер предлага исфрлување на токсини од телото со дијета која се состои од пиење јогурт, како и мешавина на вода и јаболков оцет.

Најдобро за коса

Витаминот А е клучен за сјајна и здрава коса, како и за хидрирано теме кое го поттикнува растењето на косата. Поради тоа добро е да го збогатите менито со свеж морков. Семките од тиква се одличен извор на цинк, сулфур и витамин А, кои помагаат во јакнењето на косата, па добро е да се внесуваат често, особено ако имате проблем со штитната жлезда или по породувањето.

Најдобро за нокти

За  убави и цврсти нокти, отпорни на кршење, се препорачува просо, како и темен лиснат зеленчук, како снапаќ.

Предлог за појадок

Состојки: 3 дл вода, мала главица насечкана римска салата, 3-4 целери, неколку листови спанаќ, една јаболка, една круша и една баната, сок од пола лимон.

Подготовка: Насечканта зелена салата и водата ставете ги во блендер. Откако салатата добро ќе се иситни, додатјте ги целерот, јаболката, крушата и по неколку минути бананата и сокот од лимон.

 

Објавено:
27 јуни 2013
Категорија: 
Убавина