Често се случува пред летниот одмор да не сме баш најзадоволни од тоа како изгледаме, па посегнуваме по брзи решенија.
Во продолжение ви предлагаме три дневна диета, која пред сè е за чистење од наталожените токсини, така што е одлична за детоксикација, а потоа и симнување на масни наслаги и со тоа намалување на килограмите.
И пред да прочитате од што се состои, посочуваме дека оваа диета не е препорачлива за дијабетичари, трудници и мајки кои дојат. Исто така, пред да ја започнете, консултирајте се со лекар или стручно лице.
Исто така, овој режим не е магичен, но може да му помогне на организмот да го забрза метаболизмот и да ги прифатиме здравите навики побрзо. Од помош ќе ви биде и ако на една листа напишете што треба да избегнувате – шеќер, преработена храна, алкохол..., а дека овошјето, зеленчукот, житариците од цели зрна на пример се храна на кои треба да се фокусирате.
Прв ден
Појадок: Вода со исцеден лимон, варена киноа, ленено масло, јаткасти плодови или семки (протеини) и суво овошје без шеќер.
Ручек: Чај од билки, ориз и супа
Вечера: Половина диња или чинија мешано овошје. Може и брокула, кељ, леблебија, маслиново масло и печен компир.
Втор ден
Појадок: Вода со исцеден лимон, овошно смуди или голема чинија свежо овошје со јогурт, ленено семе и спирулина.
Ручек: Салата од зелен лиснат зеленчук со мисо прелив за салата и со маслиново масло и оцет. Друга опција е да сварите кино со свеж зеленчук по желба или варен црн грав.
Вечера: Чорба од ѓумбир и морков, салата од зелен лиснат зеленчук со масло од лен, интегрален ориз. После оброкот напијте се чај од билки.
Трет ден
Појадок: Вода со лимон, варен ориз со леблебии и малку зелка.
Ручек: Печен компир; салата од морков со мисо превил, масло од лен и балсамико оцет; трета опција може да биде остатоци од чорбата со морков и ѓумбир или остаток од црниот варен грав.
Вечера: Риба или морски плодови, интегрален ориз и на крај чај.
Во текот на оваа диета, за ужина можете да косумирате бадемово млеко, свежо овошје, домашно смуди, смуди од зеленчук, овесни снегулки, свеж морков, целер или краставица.
Порциите се ограничени.