Кинеска диета која ги топи килограмите и го чисти организмот

4 октомври 2018

Ефикасноста и разновидната храна направија оваа кинеска диета да стане ултра популарна во целиот свет за многу кратко време.

Истата подразбира внесување на многу течности како минерална вода, зелен чај и свежо цедени сокови.

Овие напитоци ќе го исчистат телото од сите штетни материи кои се насобрале и ќе му ги обезбеди неопходните витамини и антиоксиданси.

Целата диета се базира врз консумирање на свежа храна како овошје и зеленчук, ориз, ‘ржан леб и риба.

Она што секое утро треба задолжително да го направите е да се напиете околу 400 мл вода која претходно зоврела, а потоа се изладила на собна температура за да ги исчистите цревата и да го забрзате метаболизмот.

Нормално, од исхраната треба да ги исфрлите слатките и производите од брашно, алкохол, кафе, многу сол, зачини и животински масти.

Прв ден

Појадок: 150 гр. свежа зелка, 200 мл. минерална вода

Ручек: Четири лажици варен ориз, 150 гр. салата од рендан морков и маслиново масло, 200 мл. кисела вода

Вечера: 150 гр. варена риба, мало парче ‘ржан леб, неколку листови зелена салата, 200 мл. зелен чај.

Втор ден

Појадок: 150 гр. салата од морков со маслиново масло, ‘ржан леб на тост, 200 мл. минерална вода

Ручек: 200 гр. Салата од морков, зелка, зелена салата, целер. Парче ‘ржан леб, 200 мл. свежо исцеден сок од јаболка

Вечера: 100 гр. варен ориз, листови зелена салата, пола грејпфрут, 200 мл минерална вода.

Трет ден

Појадок: 200 гр. овошна салата од јаболка, крушка, портокал, банана и 200 мл.сок од портокал

Ручек: 250 гр. варен аспарагус, 150 гр. Зелка салата со сок од лимон, парче ‘ржан леб, 200 мл минерална вода.

Вечера: 250 гр. пржени печурки (без масло), мал варен компир, 200 мл. минерална вода.

Четврти ден

Појадок: Јаболка, портокал, тост од ‘ржан леб, 200 мл исцеден сок од портокал без шеќер.

Ручек: 300 гр. варен аспарагус со ориз и босилек, јаболка, парче ‘ржан леб, 200 мл минерална вода.

Вечера: 200 гр. варена риба, два помали компира, едно парче ‘ржан леб, 200 мл минерална вода.

Петти ден

Појадок: 150 гр. ориз варен во вода, 200 мл кисела вода

Ручек: 200 гр. салата од зелка, парче ‘ржан леб, 200 мл кисела вода

Вечера: 200 гр. салата од зелка, морков, зелена салата и маслиново масло, парче леб и 200 мл минерална вода.

Инфо: Elle.rs

Објавено:
4 октомври 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.308 пати