Нов тренд на фризура – плетенка во плетенка

23 јули 2014

Доколку немате доволно инспирација за некој нов тренд на коса, тогаш ние ќе ви предложиме фризура која ќе биде ултра креативен избор за дневна и вечерна пригода. Доколку се решите да ја пробате фризурата која ја промовираше Дајан Кругер, тогаш следете ги следните чекори

1. Поделете ја косата на две половини и тоа од темето па надоле

2. Во средината на косата сплетете плетенка во форма на рибина коска, но само на средишниот дел на главата.

3. Остатокот на коса од страничните делови спојте го во една плетенка до самиот врв, а како пример нека ви послужи фотографијата од фризурата на Кругер.

Доколку сепак сами не можете да ја направите оваа фризура, направете копија од фотографијата и упатете се кај вашиот фризер.

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Убавина